Македонија – Mazedonien

Home / Klo in allen Sprachen / Македонија – Mazedonien

Беше прв ден Божиќ 1971 година кога на Берлин му беше подарен неговиот „Klo III“ („Нужник IIIˮ). Останатите два – првично на Хауптстрасе и на Несторстрасе – оддамна се затворени. Само третиот јавен клозет преживеал и на понекој посетител на Берлин можеби му оставил посилен впечаток откако замокот Шарлотенбург или Музејскиот остров. Бидејќи оваа крчма, којашто најлесно може да си ја замислете како мешавина од патека на стравот и кабинет на куриозитети, особено ја посетуваат туристи, но и многу берлинци кои „нужникотˮ го сметаат за нивна постојана крчма. Па не е чудо, 40 години, половина од еден живот. Влезот во „немирното местенцеˮ е мачен. Штом успеете да го поминете вратарот, веднаш Ве погодува удар од воден млаз, а жежок воздух од подот ги крева сукњите во непристојни височини. Веднаш десно терариуми со секакви одвратни ѕверови ги чекаат идните напади на врескање: тарантула, игуана, боа констриктор. И за на крај еден – барем вештачки – егзибиционист ненадејно го отвора својот мантил и го пресега неговиот дигнат пластичен предмет во ходникот. И така продолжува и внатре. Маси летаат нагоре, барски столчиња се превртуваат, од таванот кукли удираат со чекани на главата на гостинот. Со пеколен татнеж сталактити паѓаат, громови профучат низ локалот, а во звучникот некој си ја повраќа душата. Многу идеи за редок „јавен клозетˮ. Па да, џабе не се 40 години!

Време за пуштење вода дневно од 19 часот!

Share This Story, Choose Your Platform!